“Се викам храброст” е дело посветено на 50 исклучителни жени од нашето минато и од нашата сегашност. Од Сирма Војвода до Вера Ацева и Илина Арсова, оваа книга зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои ќе го посветат животот или, пак, ќе го дадат својот живот, за повисоки цели.
Сите приказни во ова дело се приказни за ентузијазмот и храброста, за пожртвуваноста и постигнувањето одредена цел, што само по себе носи задоволство и го гради чувството на самопочит.
Ова дело не учи дека постојано мораме да бидеме љубопитни, храбри, вредни и да си поставиме високи предизвици, а потоа напорно да работиме за да ги постигнеме. И никогаш да не престанеме да сонуваме, исто како и хероините на оваа книга.