Почетоците на  Сим-Компани Струмица Доо датираат од 1993г.

Најпрво се занимава со трговија на големо со хартија за текстилната индустрија, а подоцна со трговија на канцелариски и школски материјал.  Од  1997 година започнува со сопствено производство на хартиена амбалажа – производство на хартиени кеси за пекарската индустрија, за пакување на леб и бели печива, сендвич кеси, аптекарски кеси, кеси за апетисани, кеси за бутик. Изградивме сопствени производни капацитети. Денес со сопствениот производ  од хартиена амбалажа партнери сме со видни компании од пекарската индустрија :  Жито Лукс, Рамстор, Жито леб-Охрид, Вегера, Жито Југ, Мак Промет, ПАСТЕЛ, Жито Струмица и други.

Во 2004 година изградивме сопствена модерна книжарница со површина од 100 м2, лоцирана во центарот на Струмица на градското корзо (Плоштад  Гоце Делчев)  Книжарница Култура.

На истата локација се наоѓа и седиштето на фирмата. Со повеќегодишната успешна работа во книжарството  Сим-Компани стана овластен дистрибутер за канцелариски и школски материјал од врвни светски производители како: “Tony Perotti”, “Pelikan”, “KMP”, “MAR MAR”, “Lipa Mill”, “Roncato”, “Office Point”, “Target”, “Toz-Zagreb”, “Casio”.

Не случајно сме долгогодишен партнер на јавните претпријатија, општините во регионот, но исто така и партнер на Владините институции и Министерствата во Р.Македонија.