Оваа кратка книга од областа на словенската митологија е задолжителна лектира за седмо одделение. Во словенската митологија (како и во нордиската), светот е претставен како џиновски даб, чии гранки се небото, стеблото – земјата, а корењата се подземниот свет. Перун седел на врвот, често претставен како орел. Во корењата живеел Велес, кој владеел со подземниот свет. Велес бил непријател на Перун и често доаѓал во горниот свет во форма на змија за да краде од него. Кога ќе дознаел, Перун го стрелал Велес со молњи во обид да го убие. Овој бегал на човечкиот свет и се криел зад дрвја, куќи или луѓе. Каде што ќе удрел гром, таму Велес се криел. На крајот Перун го убивал Велес, т.е. го враќал во подземниот свет, и овој таму бил прероден. Треба да се забележи дека борбата помеѓу Перун и Велес не е борба помеѓу доброто и злото карактеристична за христијанскиот Бог и ѓаволот, туку борба на спротиставени принципи, т.е. небо-земја и оган-вода. Словените не го претставувале Велес како зол лик. Напротив, тој бил исто толку важен и популарен колку и Перун.
“20 000 милји под морето&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
