Двајца млади, дојденци од различни земји, случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови. Малку по малку, меѓу нив се раѓа љубов која постепено се засилува, хранета од приказни, од заедничката приврзаност кон литературата и од заемното препознавање на тешкотиите на нивниот споделен егзил. Брани Таво раскажува скици од минатото на неговото семејство, живописни приказни кои се испреплетуваат со дамнешните легенди: овчари погодени од гром, војници кои се враќаат дома со траумите од војната, крвави непријателства што уништуваат семејства, мечки што напаѓат селани трагајќи по украдените мечиња и фотограф кој на селаните им ги пренесува новостите преку портретите што ги фотографира.
“Љубов се викам&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
