Пред седум години Синтија Арчер го пронајде својот загубен татко и нурна во кошмар кој безмалку ќе го платеше со животот на нејзиното семејство. Денес, минатото е конечно закопано, ама сеќавањето на тоа ужасно страдање сè уште живее. Секојдневно свесна за опасностите кои демнат зад секој агол, Синтија сфаќа дека й е тешко да й дозволи поголема слобода на ќерка си да направи сопствени грешки и да извлече заклучок, а Грејс почнува да се бунтува против задушувачкиот заштитнички став на мајка й. За сето ова време сопругот на Синтија, Тери, се обидува да го спречи распаѓањето семејството и потоа, двајца постари соседи се убиени. Убиството навидум е бесмислено и без мотив. Целиот град почнува да го дели лошото претчувство на Синтија. Ама, вистинскиот кошмар повторно почнува кога Грејс и нејзиното момче престапник провалуваат во чудна и непозната куќа и наоѓаат нешто што дефинитивно не го бараат. Изгледа дека Синтија цело време имала право. Зад идиличната фасада на нивниот роден град постојат скриени тајни кои би преплашиле секого, а да не зборуваме за вознемирен родител и уште еднаш семејството, Синтија, Тери и Грејс, е вовлечено во светот на предавството и убиствата. Но, овој пат можеби и нема излез.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
