Овој двонасочен речник е збогатен со кратка граматика на германскиот јазик. Во неа ќе најдете кои се особености на германската азбука, ќе најдете повеќе за падежите, акцентот, интерпунциски знаци, именки, род, број кај именките, придавки, род, број, степен кај истите, заменки и се за нив, глаголи (правилни и неправилни), времиња… Освен што ќе најдетеоколу 100.000 зборови, изрази и фрази, на крајот следуваат сликовито прикажани предмети и секој од нив е даден со македонски и германски превод. Речникот располага со вкупно 783 страни и е со тврд повез.