Овој Македонски традиционален готвач веројатно е најголемата збирка со традиционални македонски рецепти во нашата земја.
Според зборовите на авторката, Адријана Алачки, оваа книга е создадена за да “остане аманет за идните генерации, да ја запаметат македонската кујна, како дел од нашето културно и историско наследство.”
Готвачот е со вкупно 401 страна и содржи рецепти напишани на македонски и на англиски јазик.