Ро­ма­нот нè води во аветот на д-р Амин Џаафари, почитуван и успешен хи­рург во една од болниците во Тел Авив. Еден ден се случува напад на бомбаш самоубиец во некој ресторан, при што болницата ја преп­ла­ву­ва­ат ранети и осакатени. За десетици од нив нема спас.
Со­се­ма немошен од долгочасовната работа во операционата сала, Амин се враќа во неговиот дом, очекувајќи го топлото добредојде од соп­ру­га­та Сихем, но неа ја нема.
Пет часа подоцна, Амин го буди упорен телефонски повик. Де­зо­ри­ен­ти­ран од недостигот на сон, тој добива повик да се врати во болницата
би­деј­ќи работата е крајно итна. Таму го чека израелската полиција ко­ја го апси. Му велат дека бомбашот самоубиец од попладнето била не­го­ва­та сопруга.
Ка­ко се развива оваа интригирачка но крајно топла
и човечка приказната, можете да прочитате во ова,
ве­ро­јат­но најсилно дело на Алжирецот Јасмина Кадра, кој живее и тво­ри во Франција.