Дали мобилниот телефон ви е станат како дневник? Дали во него ги чувате телефоните на саканите лица, фотографиите, разговорите…..најскришните тајни?

Во метежот на најголемиот њујоршки аеродром двајца деловни луѓе, буквално ќе налетаат еден на друг. Мадлин и Џонатан брзо ќе ги соберат растурените работи и ќе продолжат секој на своја страна. Тие никогаш претходно се немаат сретнато, а и веруваат дека таа средба веќе нема да се повтори. Сепак, брзајќи да ги соберат своите работи, случајно ќе си ги заменат мобилните телефони. Кога ќе ја согледаат грешката, веќе ќе ги делат повеќе од десет илјади километри-тој е сопственик на ресторан во Сан Франциско, а таа работи во една париска цвеќарница.

Иако се свесни дека чепкаат во туѓата приватност, нема да можат да одолеат и ќе ја прегледаат содржината на телефонот што е случајно кај нив. Меѓутоа, нескротената љубопитност ќе ги доведе до фасцинантни откритија: ќе сфатат дека нивниот живот е нараскинлово поврзан со една тајна за која обајцата верувале дека ќе остане скриена засекогаш…..Почетокот што навестува романтична комедија ќе се претвори во напнат трилер, а маестралната завршница ќе ги надмине и најголемите очекувања.