Доктор Мајкл Њутн е светски признат хипнотерапевт, познат по својата техника на духовна регресија, преку која се одведуваат субјектите во хипнотички транс во духовниот свет, во време на животот помеѓу животите. По читањето на неговите бестселери „Патување на душите“ и „Судбина на душите“, каде ги претставил своите работи со клиенти, многу читатели ширум светот пожелале да откријат како изгледа нивниот живот „на онаа страна“, кои се нивните сродни души, духовни водичи и која е нивната цел во сегашниот живот на Земјата. Во книгата „Живот помеѓу животите“ доктор Њутн првпат ја открива својата метода на духовна регресија. На основа на своето богатство на искуство и познавање на духовниот свет, тој ни дава одговори на некои од вечните прашања, како што се: „Кои сме ние?“, „Од каде дојдовме?“ и „Зошто сме тука?“. Оваа револуционерна книга претставува водич низ хипнотерапијата за духовна регресија и е наменета како за професионални хипнотерапевти, така и за сите читатели кои уживале во неговите претходни книги за животот по смртта.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Папка со ластик - Stitch Disney 120 ден
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден