Колби Милс верува дека е предодреден за блескава музичка кариера, но ужасна трагедија му ги руши надежите. Сега ја води семејната фарма во Северна Каролина и, како кус одмор од секојдневните обврски, прифаќа да свири во еден бар на плажата во Сент Пит во Флорида.

Кога ја запознава Морган Ли, светот му се превртува наопаку. Судбоносната средба го тера да се замисли дали одговорноста што ја нагрбил мора засекогаш да му го управува животот. Морган е ќерка на богати доктори од Чикаго и дипломка на престижна музичка академија, која сонува да се пресели во Нешвил за да стане ѕвезда. И во љубовта и во музиката, Колби и Морган се надополнуваат како што никогаш не верувале дека е можно.

Додека нивната љубов расте, во едно зафрлено гратче, Беверли се обидува да создаде пристоен живот за неа и за нејзиниот шестгодишен син, по бегството од насилниот сопруг. Но парите ѝ се при крај и опасноста ги демне од сите страни. Очајната одлука што ќе ја донесе ќе промени сè во што верувала.

Судбината ќе ги спои тројцата и ќе ги натера да се запрашаат дали сонот за подобар живот може да ја надмине тежината на минатото. Трогателна приказна за смелоста да ризикуваш cè за да го оствариш сонот – и за (не)можноста да го оставиш минатото зад
себе.