Во првиот век од новата ера, токму во периодот кога се одвива распнувањето на Исус Христос, еден млад Евреин по име Ури ќе се најде вплеткан во низа неочекувани настани кои ќе го променат текот на историјата на неговиот народ. Иако Ури е болезлив и се интересира само за книги, ќе биде принуден да го напушти својот дом во Рим и да тргне на патување во Ерусалим и во Александрија, кое целосно ќе го пресврти неговиот живот. „Заробеништво“ е вешт спој од историски и авантуристички роман кој во детали го отсликува времето во кое се одвива дејството, но исто така одлично ги доловува психолошките длабочини на главниот лик. Историските ликови и случувања се извонредно преплетени со фикцијата, што сведочи за вештината на авторот да ја употреби имагинацијата за да им додели на фактите комплексност и нови толкувања.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден200 ден -
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден288 ден -
Не знам кај ми е главата
390 ден312 ден -
Кривата Дијана
330 ден264 ден -
Што (не) е љубов
650 ден520 ден
