Од една страна Тифен и Силвен, од друга Летиција и Давид – две млади брачни двојки кои судбината сака да ги дели само еден ѕид. Ним не им се споени само куќите, туку и животните приказни толку им се испреплетуваат што многу брзо стануваат неразделни. Заедничко уредување на градините, вечерни дружби, доверување, планирање на иднината, надежни разговори за начинот на кој ќе ги воспитуваат своите деца…
Но една ненадејна трагедија ќе им го смени животот од корен.