Италија, дадена во делчиња, во една споулавена и ексклузивна Апокалипса. Во срцето на Рим, Салваторе Кјати, ексцентричниот милијардер и сопственик на најпознатата вила во Италија – Вила Ада, организира забава која би требало да биде запаметена како најголем монденски настан во историјата на Италија.
На списокот на гости се наоѓа целиот италијански џет-сет: актери, музичари, модели, спортисти, а за да биде забавата понеобична, Кјати организира лов на диви sверки низ запуштениот стар парк. На оваа забава, помалку неволно, й се придружува и Фабрицио Чиба, познат писател кој се соочува со креативна криза, но и четворица претставници на една „угледна” сатанистичка секта. Штом паѓа ноќта, „забавата на векот” се претвора во вистински кошмар, а необичните доживувања ќе ги претворат животите на угледните гости во една грандиозна и замрсена човечка комедија.
Во оваа бурлеска или „урнебесна трагедија”, Аманити навлегува во некои чувствителни точки на современото (италијанско) општество, и како и во другите свои романи, убаво ги нијансира ликовите и пронаоѓа човечност и во оние што се однапред одредени како грди, валкани и зли.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Папка со ластик - Stitch Disney 120 ден
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден