Антон Павлович Чехов (1860-1904), руски новелист и драматичар. Книжевната работа ја започнал со критики за хуморески, а продолжува со новели во кои ги обработува изгубените и отуѓени ликови. Фабулите на неговите дела се едноставни бидејќи Чехов настојува да пројави впечаток, угодност и атмосфера. Тој создава расположение околу ликовите во кое тие самите се препознаваат. Поради тоа тој секогаш на свој начин во изобилство се служи со пејзажи и лирски дигресии. Во драмите Чехов создава ликови кои живеат во сивило и монотонија, сите се потонати во своите мечти и во просторот меѓу сегашноста и иднината. Главниот лик во драмата Вујко Вања е Војницки, односно Иван Петрович. Тој во четириесет и седмата година ја спознава празнината на својот живот. Дваесет и пет години работи на имотот на професорот Серебрјаков за да може тој во градот да се занимава со научна работа. Војницки многу доцна дознава дека професорот не е никаков голем стручњак во уметноста, и дека тој попусто си го уништил животот работејќи на неговиот имот. Ликовите во драмата се мали трагичари во кои болно се вовлекол нихилизмот и тие се подготвени за пропаѓање.
“За македонските работи&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Фокусираност
550 ден440 ден -
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
520 ден416 ден -
Мрежа
299 ден239 ден -
Ништо од ова не е вистина
500 ден400 ден -
Оддел Д
520 ден416 ден