Книжевното дело на англискиот писател Херберт Џорџ Велс (1866-1946) е инспирирано од големиот научен и индустриски напредок што се случува кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во него тој посебно посветува внимание на сложената општествена и политичка проблематика, особено на т.н. “машинска” ера. Тој е најмногу познат по своите книги со научна фантастика, како што се: Времеплов (1898), Невидливиот човек (1897), Војна на световите (1898). Тој има создадено опус од над 100 дела, од кои околу 50 се романи. Како романописец, Велс се појавува со фасцинантното дело Времеплов, еден од првите научно – фантастични романи во историјата, а во исто време и силна сатира на британските класни поделби. Нараторот е момче кое со своите пријатели ги разгледува теориите на патувањето низ времето, на вечерата кај научникот познат како Временски патник. Недела дена подоцна нивниот домаќин исчезнува, а потоа се враќа со неверојатна приказна – штотуку се вратил од 802701 година. Таму пронашол два вида човечки потомци… Велс предвидел некои од идеите на еволуцијата кои станале разјаснети дури децении подоцна.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
