„Волшебникот од Оз “ ја прикажува авантурата на Дороти во земјата Оз.
Циклон ja повлекува нејзе и нејзиното кученце Тото од нејзиниот дом во Канзас, каде што живее со тетка си и вујка си, и ги исфрла во една магична земја.
Следејќи ја патеката од жолти тули, таа го бара Волшебникот од Оз за да и помогне да се врати дома. Врвејќи по патот таа среќава вештерки (добри и лоши), го среќава Страшилото без мозок, Лимениот дрвосечач без срце и Плашливиот лав. Тие патуваат заедно во градот Емералд за да побараат прием од волшебникот.
Но, Злобната вештерка од Западот има свои планови за девојчето!
Дали Дороти ќе успее да се врати дома?