„Како гуру, немам доктрина на која можам gа ве учам, немам филозофија gа ви ја пренесам, немам верување да го ширам. А тоа е така затоа што единственото решение за сите злата што го мачат човештвото е самотрансформацијата.”
Во својата моќна и трансформативна книга, лидерот на мислата, визионер, филантроп, мистик и јогин Садгуру ја раскажува приказната за сопственото будење од момче со невообичаен афинитет кон природниот свет до смел млад авантурист што го прокрстарил индискиот континент на својот мотор. Тој раскажува за моментот на своето просветлување на еден планински врв во јужна Индија, и за патот до постигнување апсолутна благосостојба, патот што го издржал тестот на времето: класичното знаење на јогата. Денес, како основач на Иша, организација посветена на хуманитарни цели, Садгуру им го осветлува патот на милиони луѓе низ светот.
“Внашрешен инженеринг” претставува револуционерен начин на размислување за нашите активности и хуманоста, и за можноста да постигнеме ништо помалку од живот исполнет со радост. Мудроста дестилирана во оваа инспиративна, длабока и привлечна книга им нуди на читателите алатки што се свежи, живи и блескаво нови.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден
-
Мрсни бои - Stitch Colorino Disney 100 ден