Класика за влијанието и убедувањето, безвременска книга што треба секој да ја прочита Класика за психологијата на убедувањето и за правилно користење на нејзината моќ.
Зошто луѓето прифаќаат некои работи, а одбиваат други, и како да се применат овие сфаќања?
„Влијание“ е задолжително четиво за секој кој сака да го разбере процесот на донесување одлуки. Суштинска книга во канонот на психологијата, финансиите и бихевиоралниот маркетинг. Роберт Чалдини е психолог кој ја инспирира вештината за убедување, за да станете ефективен лидер, но и да не паѓате лесно во замките на убедувачите. Преку интересни примери од научните истражувања и од практиката, ни ги претставува шесте универзални принципи на влијание: Реципроцитет, или старото добро „јас тебе, ти мене“ Обврзаност и доследност: непоколебливо работење на донесената одлука и цел Социјална потврда: колку повеќе луѓе го поддржуваат нашиот став, толку тој се смета за поправилен Допаѓање: колку повеќе ни се допаѓаат, толку повеќе се согласуваме со луѓето Авторитет: поверојатно е да се согласиме со лицата кои имаат поголемо знаење, стручност или искуство Недостиг: попосакувано е она што е помалку достапно. „Влијание“ е сеопфатен водич за ефективно користење на овие принципи, со цел да се зголеми вашата способност за промена на однесувањето на луѓето во посакувана насока. „Феноменална книга! Сакате да ја зголемите продажбата, да постигнете подобра зделка или да си ја подобрите врската – ‘Влијание’ ви нуди научно проверени принципи што можат да ви го променат животот.“ д-р Даниел Л. Шапиро „Кога би можеле да прочитате само една книга за тоа како да бидете поефикасни во бизнисот и животот, јас би ја избрала ‘Влијание’“. (Кејти Милкман)
“12 животни правила&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден
-
Мрсни бои - Stitch Colorino Disney 100 ден