Томас Ериксон е познат адвокат кој е брутално убиен во својот дом. Полицијата се наоѓа во необична ситуација – има проблем со пронаоѓање на осомнчениот, бидејќи списокот на потенцијалните виновници е многу долг. За да биде случајот уште посложен, прв осомичен е Еверт Бекстром – инспекторот кој е задолжен за истрагата на ова убиство. За среќа, Бекстром има одлична мрежа на сомнителни контакти кои му помагаат да ги испорача виновниците. Се што треба да направи е да го прекрши секое правило кое му се наоѓа на патот и да затвори очи пред подмитувањето. Овој пат ниту најкорумпираниот полицаец не би можел да предвиди во кој правец, ниту колку далеку, овој слуcхај ќе го одведе Бекстром. “Лејф Першон припаѓа меѓу ретките писатели кои со леснотија го забавуваат читателот, додека истовремено со многу цинизам и проникливост го привлекува вниманието врз неразумната состојба во современото општество. Одличен роман!

(Сканска Дагбладет)