ФАСЦИНАНТЕН, ДЛАБОКО ЛИЧЕН ПРИКАЗ НА ПОНОВАТА ИСТОРИЈА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОЈ НÈ ИНСПИРИРАШЕ ДА ВЕРУВАМЕ ВО МОЌТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА.
Во возбудливиот и со нетрпение очекуван прв дел од неговите претседателски мемоари, Барак Обама ја раскажува приказната за неговата неверојатна одисеја од млад човек во потрага по својот идентитет до лидер на слободниот свет, опишувајќи зачудувачки интимни детали од неговото политичко образование и најзначајните моменти од неговиот историски прв претседателски мандат – период на драматична трансформација и превирања.
Обама ги поведува читателите на интересно патување од неговите рани политички аспирации од клучната победа во Ајова, што ја демострираше моќта на изворниот активизам, до врнежливата ноќ на 4 ноември 2008 година, кога беше избран за 44. претседател на Соединетите Американски Држави, станувајќи првиот Афроамериканец на највисоката национална позиција.