Детективката Џејн Рицоли и патологот Мора Ајлс истражуваат бизарно убиство во Бостон. Пронајден е маж, когошто во сопствениот дом го обесиле наопаку и му ја извадиле утробата. По пронаоѓањето на посмртните останки на уште една жртва, јасно е дека убиецот оперирал со години, и тоа не само во Бостон. Шест години претходно, група туристи се на сафари во Африка. Никој од нив не е виден повторно, освен една жена која излегува од саваната неколку недели подоцна, едвај жива. Единствената жена што го видела лицето на убиецот. Дали „убиецот од сафарито“ е сега во Бостон? Џејн е испратена во Африка за да ја најде единствената врска помеѓу двата случаја – единствениот преживеан.