Ела Абот е долго време вљубена со Гавин Гатри. Неколку неодамнешни средби само го распламтуваат огнот во неа, особено кога ќе се бакнат на свадбата на нејзината сестра.
Воопшто не ѝ пречи што него го прогонуваат демони од минатото. Тој вели дека за нив двајцата нема надеж, дека нема што да и понуди.
Поминале седум години откако го изгубил својот брат Кејлеб. Некако се борел со загубата сѐ додека вдовицата на неговиот брат не се премажила, а кучето на Кејлеб не умрело. Но, оттогаш сѐ во неговиот живот како да тргнало надолу. Опивањата и тепачките стануваат дел од секојдневието на Гавин.