Романот „Тишини“ е првообјавениот роман на еден од најважните светски писатели на дваесеттиот век, Меша Селимовиќ. За својот првообјавен роман Селимовиќ ќе каже: „Од 1951 до 1961 година настапи период на молчење. Малку обесхрабрен, малку незадоволен од тоа што го пишував, се подготвував за големата пресметка со самиот себе. Сè уште неподготвен да напишам роман за убиениот брат, пишував други работи. Во 1961 година е објавен романот ’Тишини‘. Тишини. Роман за човек што излегува од војната, кој во војната изгубил сè и кому му се создаваат страшни тишини на преминот од едниот во другиот живот. Иако романот е пишуван во прво лице и има форма на исповед, не е автобиографски. Но дилемите за кои зборуваат Тишините беа дилеми на многумина од нас кога се вративме од војната. Проблемот е морален и се сведува приближно на прашањето: што губи човекот кога го губи своето лично и што добива во заедничката придобивка.“
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Чанта за рамо Sisli – коњак
5.490 ден4.941 ден -
Чанта за рамо Bremen – коњак
5.500 ден4.950 ден -
Чанта за рамо Caroline - сина
7.990 ден7.191 ден -
Басни од Х.К. Андерсен
250 ден225 ден -
Роботчето Р1
200 ден180 ден
