Издадена во 1940 година, „Татарска пустина“ на Дино Буцати е една од најраните студии на општочовечката егзистенцијалистичка криза предизвикана од цивилизацискиот крах наречен две светски војни: повеќе од деценија пред Бекет, Буцати наоѓа книжевен модел за нововековниот апсурд и светот сè повеќе лишен од секаква смисла. „Татарска пустина“ го следи престојот на младиот офицер Џовани Дрого во пограничната тврдина „Бастијани“ сместена јужно од една пространа пустина за која се верува дека во минатото била населена со Татари. Убеден во важноста на својата мисија и во можноста да стекне војничка слава, Дрого го поминува својот живот, исчекувајќи го нападот од Татарите – но нив се чини дека ги има многу малку во пустината, а многу повеќе во приказните на другите. Читан и почитуван, романот „Татарска пустина“ на Дино Буцати e онирично-луциден преплет од визии и сенки, од мистерии и митови без никаква историска условеност, ремек-дело со ретка префинетост и убавина.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден