Мохамед Ахмед, мароканско девојче пораснато како момче за да се заобиколат исламските закони за наследство, во однос на женските деца, е во постојан судир сам(а) со себе во однос на својот идентитет. Во приказната што час се чини реална, час надреална, и се движи меѓу мистериозната сегашност и болното минато, ни се откриваат настаните од животот на Ахмед како возрасен човек. Сега нарекувајќи се Зехра, по смртта на татка си таа ја отфрла својата улога на син единец и наследник и тргнува на пат низ мароканскиот пејзаж што наликува на сон. Остар алегоричен портрет на северноафриканското општество Света ноќ користи арапски надреалистички елементи за да исплете една вџасувачка и вознемирувачка визија на побуна и протест против стегите на тесноградите традиции што ги раководат родовите улоги и сексуалноста.
“Глина S-Cool – 500g, природна боја&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Изопачени лаги
590 ден
-
Кревка рамнотежа
578 ден
-
Врвки
368 ден
-
Снежно слепило
347 ден
-
Министерство за врвна среќа
525 ден
