Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е еден од главните претставници на романтизмот во Англија.По двегодишното патување и престојот во земјите на Медитеранот: Португалија, Шпанија, Грција, Албанија и Турција, реализирано од јуни 1809 година до април 1811 година, Бајрон ќе ја извлече инспиративната нишка за создавање на првите две пеења од поемата Чајлд Харолд. Овие две пеења на некој начин претставуваат и своевиден поетски дневник, иако истовремено можат да се третираат и како стихувани историски записи, полни со сатира, политика, со смела карактеризација на великани од минатото и од современоста, но и со книжевни алузии. Иако и во поемата доминираат лиризам и субјективност, таа има епска основа бидејќи секогаш се потпира на фабула или на некоја приказна. Како една од клучните фигури на европскиот романтизам Бајрон прерасна во прототип на романтичарски поет. Сиот негов опус, а особено Чајлд Харолд е богатство од непроценлива вредност во трезорот на европското книжевно наследство.
“Крвава кошула&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Фокусираност
550 ден440 ден -
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
520 ден416 ден -
Мрежа
299 ден239 ден -
Ништо од ова не е вистина
500 ден400 ден -
Оддел Д
520 ден416 ден