Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе покрене низа случувања и ќе го доведе во врска со многу интересни ликови. Како се заплеткува оваа случка така се отплеткува жживотот на Алан Карлсон, кој, како што се покажува, во вистинско време се наоѓал на места на кои се решавала иднината на Европа и на светот: учествувал во војната меѓу шпанците и шпанците, вечерал со Труман, ручал со Мао Цетунг, спречил атентат на черчил… Русите го бркале да им ја открие тајната за атомската бомба, а тој, побегнувајќи од сибирскиот гулаг, преку Северна Кореја стигнал на Бали каде 15 години живеел од американски пари наменети за помош и развој на далекоисточните земји – урнебесна историја на модерниот свет!
“Ватиканската принцеза&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Над облаците
473 ден
-
Крилче
483 ден
-
Јарињата Брусе одат на училиште
515 ден
-
Малиот мудар волк
620 ден
-
Како да исплашиш чудовиште
368 ден
