Пишувањето е она што ми остана спомен од љубовта. Не треба да имаш некоја дарба за да пишуваш, треба само да научиш да чувствуваш. Да го чувствуваш животот. Да не се плашиш од сопствените чувства. Тајната во пишувањето е… обраќањето внимание на малите нешта. На ситници. Јас живеам од нив. На моменти не знаев на што да ставам акцент и до каде да си го отворам срцето. До каде да ја пишувам азбуката на душата. Дали предност да дадам на чувствата, љубовта или пак реалноста. Дали да се посветам на тоа чувство љубов, љубов, љубов… или пак фамилија. Ама кога размислиш подобро пак… има ли фамилија без љубов? Не. Љубовта е сеприсутна. Секаде. Насекаде. Во секоја ситуација. Затоа решив оваа и онаа љубов да ги сплотам во едно. Меѓу кориците на оваа книга. Ќе ја зачинам книгава малце од едново, малце од другово. И на крај ќе промешам. Сто грама љубов и двесте грама чувства.
“Инферно&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Зајдисонце
200 ден
-
Градителите во Македонија во XVIII-XX век (книга втора)
3.199 ден
-
Градителите во Македонија во XVIII-XX век (книга прва)
3.199 ден
-
Охрид: монографија
1.000 ден
-
Архитектура: форма, простор и ред
2.990 ден
