Ова значајно издание е антолошки и историски преглед на развојот на македонската драмска литература во изминатите сто години. Приредена од академик Раде Силјан, книгата претставува вредна збирка драмски текстови од најзначајните македонски автори – од зачетокот на драмата на македонски јазик, па сè до современите театрални изрази.
-Македонска крвава свадба (В. Чернодрински)
-Парите се отепувачка (Р. Крле)
-Бегалка ( В. Иљоски)
-Печалбари (А. Панов)
-Црнила (К. Чашуле)
-Парадоксот на Диоген ( Т. Арсовски)
-Диво месо (Г. Стефановски)
-Еригон ( Ј. Плевнеш)