Најпознато и најдобро дело на Едмондо Де Амичис (1846-1908), еден од најпознатите италијански писатели за деца и возрасни, е романот “Срце“. Тоа е “дневник на еден ученик“,односно “приказна за училишната година, што ја напиша ученик од трето одделение од едно италијанско училиште“ –забележува авторот. Делото “Срце“ првпат е објавено во 1886 година и претставува прозна книга за деца,во која на едноставен, интересен, возбудлив, убедлив начин авторот ни дава впечатливи слики за момчињата и возрасните, за моменти од нивниот живот во училиштето и во семејството. Де Амичис неговото поучување го насочува на чувствата на младиот читател, на неговото срце, сака да го поттикне хуманото во детето, укажувајќи му на тешките случки од животот, преку примерите на едно момче кое благородно се однесува во своите постапки кон другите. Инаку, творештвото на Едмондо Де Амичис се одликува главно со сочувствување со онеправданите и угнетените, незаштитените и немоќните, но и со силна надеж дека секогаш победува подоброто и поубавото.
“Бескрајна приказна&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Некој друг
315 ден
-
Излез од криза
475 ден
-
Астролошки записи
630 ден
-
Моќта на умот, моќта на срцето
525 ден
-
Љубовни патокази
475 ден
