Како да постигнеме успех во еден свет во кој сè бега надвор од контрола и во кој често пати се соочуваме со непријатности? Сите големи лидери, философи, уметници, спортисти и визионери имаат една заедничка карактеристика. Онаа што им овозможува да го скротат својот гнев. Да ја избегнат деконцентрацијата и да ги прошират своите хоризонти. Рајан Холидеј ја нарекува спокојство.
Тој се задржува на будистичката и на стоичката философија за да покаже зошто човек треба да се движи пополека за да ги оствари своите цели.
Што е спокојството? Зошто ни е потребно? Остварливи ли се успехот, напредокот и самоусовршувањето без оваа клучна состојба на умот?
Самата античка мисла е свесна дека секој човек се раѓа спокоен и дека многупати го доживува спокојството во текот на својот живот. Но оваа книга детално проучува како да се постигне тоа спокојство по желба, и не само да се постигне туку и да се задржи во себе.
Преку разглобување на трите вечни полиња: умот, телото и душата, Холидеј стигнува до главните одредишта на стоичката философија, спокојството и истрајноста, ги анализира и создава модерно четиво наменето за секој што се стреми кон лично усовршување и исклучителност.
„Денес на светот постојат многу опасности – особено бескрајните одвлекувања на вниманието и ситните борби што нѐ тераат да дејствуваме без никаква цел. Во оваа книга, преку маестрална синтеза на источната и западната филозофија, Рајан Холидеј нѐ подучува како да ги задржиме фокусот и присебноста среде повремено преоптоварувачките конфликти и проблеми во животот во дваесет и првиот век.“
Роберт Грин, автор на бестселерот „48 закони на моќта“
„Книга што мора да се прочита среде хаосот на нашето време.“
Анџела Дакворт
„Некои автори даваат совети. Рајан Холидеј кристализира мудрост. Оваа книга мора да се прочита.“
Кал Њупорт, автор на бестселерот „Дигитален минимализам“
„Денес на светот постојат многу опасности – особено бескрајните одвлекувања на вниманието и ситните борби што нѐ тераат да дејствуваме без никаква цел. Во оваа книга, преку маестрална синтеза на источната и западната филозофија, Рајан Холидеј нѐ подучува како да ги задржиме фокусот и присебноста среде повремено преоптоварувачките конфликти и проблеми во животот во дваесет и првиот век.“
Роберт Грин, автор на бестселерот „48 закони на моќта“
„Јас немам многу правила во животот, ама имам едно правило што никогаш не го прекршувам: кога Рајан Холидеј ќе напише книга, ја читам веднаш штом ќе ми падне в раце.“
Брајан Копелман, сценарист и режисер на „Покерџии“, „Тринаесеттемина на Оушн“ и „Милијарди“
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Текст маркер, мал -Stitch pastel
58 денOriginal price was: 58 ден.50 денCurrent price is: 50 ден. -
Пенкало пиши-бриши Stitch Blue
118 денOriginal price was: 118 ден.100 денCurrent price is: 100 ден. -
Пенкало силиконско, долго - Stitch
180 денOriginal price was: 180 ден.150 денCurrent price is: 150 ден. -
Пенкало пиши-бриши Stitch Black
118 ден100 ден -
Пенкало пиши-бриши Stitch
118 ден100 ден