„Современо семејство“ од Најџел Лата е духовен и практичен водич за „преживување“ за сите родители, самохрани родители, баби и дедовци кои ги растат своите внуци, разведени сопружници и за сите кои се наоѓаат меѓу нив!

Најџел Лата е психолог и семеен психотерапевт кој со овој водич се обидува да даде прагматични и разумни одговори на огромен број сложени прашања кои произлегуваат од функционирањето на современите семејства!

– Во што е разликата меѓу современото и традиционалното семејство?
– Како да бидете добар самохран, или добар „трет“ родител?

– На кој начин лошите односи меѓу разделените родители влијаат на децата?

Одговори на овие и многу други прашања ќе најдете токму во „Современо семејство“!