Срцето ми е полно со модринки, но душата со ѕвезди – зашто некои трепетни галаксии сјаат само под кожата. Ника носи име на нежна пеперуга, но животот ѝ започнува во Грејв, темно и студено сиропиталиште во Алабама. Нејзините приказни за добра ноќ не почнуваат со „си беше еднаш една принцеза“, туку со Солзотворецот: сенишен човек кој создава кристални солзи со кои ја проникнува душата на луѓето. Кога едно семејство доаѓа да ја посвои, Ника се надева дека најпосле ќе го заборави Солзотворецот. Но не може да избега од него, зашто тој е длабоко во Ригел, кој има лик на ангел и душа полна со страдање, посвоен од истото семејство. Ерин Дум постепено ни ги открива Ригел и Ника – додека тие се мачат да ги откријат во себе љубовта и добрината што ги немале во домот за незгрижени деца. За да можат да бидат заедно, мора да се помират со деструктивната љубов пред таа целосно да ги уништи, да ги осветлат темнината на своето минато и опасните влогови на заедничката иднина.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден