Десет години поминати во затвор поради убиството на Лаура Вагнер и Штефани Шнебергер, Тобијас Сарториус излегува на слобода враќајќи се назад во својот дом во Алтенхајм. Но, поради неговото враќање , селската заедница воопшто не е среќна. Една жена е турната од мост, а случајно или не тоа е мајката на Тобијас. Инспекторите Пија и Оливероткриваат тајни кои би требало да бидат скриени засекогаш. Кога повторно ќе исчезне една седумнаесетгодишна девојка, се чини дека минатото се повторува. Но, под површината на сето тоа се крие нешто сосем друго. Некој си зел за слобода да управува со нечии судбини, но кој?