Читањето на оваа книга ќе ви овозможи длабоко доживување на духовната слобода. Слободата ги слави убавината и сеопфатноста на сите нејзини нивоа: слобода на мислењето, слобода на доживувањето, и слобода која ќе ни помогне да ги искористиме своите највозвишени потенцијали. Брендон не зборува за слободата; таа не маѓепсува со неа. Не воведува во светоста на нејзиното срце и не препушта на бескрајниот лет. Нежно не води низ искуството, помагајќи ни да ги откриеме мирот и радоста кои отсекогаш биле во нас. Исто така, ни помага да ги отстраниме барикадите од негативни емоции и мисловни обрасци, да се ослободиме од сите пранги на минатото за да можеме да создадеме иднина каква што сакаме! Брендон Бејс е авторка и на ценетата книга „Патувањето”. Ја напишала по успешната борба со малиген тумор, поттикната од желбата на сите луѓе на планетата да им овозможи патување во изворната духовност, во самите нас, што секако ќе резултира со оздравување на нашето тело.
“Новогодишна ноќ&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Фокусираност
550 ден440 ден -
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
520 ден416 ден -
Мрежа
299 ден239 ден -
Ништо од ова не е вистина
500 ден400 ден -
Оддел Д
520 ден416 ден