Романот “Синови и љубовници” на Д. Х. Лоренс е еден од најраните и најистакнати модернистички примери во светската литература на книжевно вообличување на проблематиката на фројдовското поимање на сексуалноста. Но, не само тоа. Тој може да се чита на неколку различни нивоа: како роман за љубовта и сексуалната привлечност меѓу половите и своевидна студија за Едиповиот комплекс, како психоаналитичка автобиографска сеанса, како реалистична анализа на општествената состојба во британските рударски региони во почетокот на ХХ век, како одбрана на маргинализираните и поинаквите, како студија на карактери, како апологија на природноста и книжевен израз на пејзажната убавина, како психолошка семејна драма… Таквата комплексност придонела овој роман заедно со контроверзниот роман Љубовникот на леди Четерли од истиот автор, да се вбројат меѓу најчитаните и највлијателни книжевни остварувања на дваесеттиот век, да се најдат во фокусот на интересирање на многубројни критичари и коментатори, да предизвикаат голем број расправи и толкувања, филмски адаптации и друг вид реплики и експертизи. Двата романа во времето на објавата предизвикале бурни скандали и отпори, а денес се неизоставна белетристичка лектира, нашироко прифатена како неоспорна книжевна вредност.
“Забавата може да почне&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Разговори во четири очи
263 ден
-
Писма до Милена
651 ден
-
Мали нешта како овие
263 ден
-
Требаше да си одиш
231 ден
-
Сиви пчели
557 ден
