Марко Цепенков е еден од најпознатите наши собирачи на приказни и умотворби. Приказните кои што тој ги запишал се мошне интересни и убави, заради неговиот оригинален и инвентивен творечки начин на забележување. Тоа е најилустративно е прикажано во македонската народна приказна Силјан Штркот, која е антологиска творба не само кај нас, туку и во светот со нејзината автентична содржина. Во оваа прекрасна приказна – повест, застапена е легендата за претворањето на човекот во птица и обратно, односно дека штрковите ги донесуваат на свет луѓето, па дури и дека “до ден денешен се прикажува за штрковите оти се луѓе. На крајот Цепенков вели: “Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари: знам оти тебе ти е како лага, арно ама мене ми е вистина – оти од татка ми е прикажана оваа приказна, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа”. Силјан Штркот може да се смета и за сказна, додека според уметничкиот реализам може да се дефинира и како новела. Исто така, во Силјан Штркот има повеќе поговорки и изреки, клетви и благослови, соништа, верувања и други видови народни умотворби.
“Бескрајна приказна&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Злосторство и казна (том 1) 250 ден
-
Злосторство и казна (том 2) 250 ден
-
Бедни луѓе 300 ден
-
Исто како и секогаш 550 ден
-
Шпанска љубовна измама 590 ден