По смртта на сопругот, Симона и нејзините две деца Ирена и Доријан го напуштаат Париз. Таа ја прифаќа работата како домаќинка во необичната куќа на мистериозниот производител на играчки Лазарус Јан. Меѓутоа, идиличното местенце во Син Залив ги крие своите мрачни тајни: огромната куќа населена со механички суштества и сенки од минатото, енигмата на необичните светлини што сјаат низ маглата околу островчето со светилникот, суштеството од ноќниот кошмар што се крие во најголемата длабочина на шумата. Тие мистерии засекогаш ќе ги соединат Ирена и малиот Исмаел во текот на едно волшебно лето во Син Залив – мистерија што ќе ги одведе по патот на највозбудливи авантури во кривулестиот свет на светлините и сенките. Таинственото полека се претвора во натприродно, а напнатоста во хорор.
“Инферно&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Како на филм 430 ден
-
Давеничката 490 ден
-
Танцувај со мене Сузан Е. Филипс 520 ден
-
Нескршливото срце на Олива Денаро 450 ден
-
Крстопати 520 ден