Осмислениот живот ја открива смислата на животот. „Седумте духовни закони на успехот“ на Дипак Чопра со својата посебност и вистинитост им го просветли патот на многумина во светот. Овој мудар концепт на животот им го отвора патот на возрасните, па книгава што ја држите в раце е надополнување на безвременските совети што на родителите им помагаат да ги изведат своите деца на вистинскиот пат. Успехот зависи од она што сте и од она што го правите, вели овој светски признат доктор и писател, покажувајќи дека духовноста е темел на сите животни достигнувања. Чопра предлага начини на кои родителите можат да им помогнат на децата да ја впијат оваа мудрост уште од најрана возраст и нуди редовна дневна програма за целото семејство, проникната со практични духовни идеи и совети што поттикнуваат на размислување и на правилно постапување.
Благодарение на оваа книга, родителите можат да ги научат своите деца да живеат на најприроден, хармоничен и креативен начин – и така да остварат вистинско изобилство низ целиот живот.
„Идеите на Дипак Чопра за духовноста и воспитувањето на децата се оригинални, длабоки и фасцинантни.“ (Бенџамин Спок)
„Соработувај со својата судбина, не спротивставувај ѝ се, не попречувај ја. Дозволи ѝ да се исполни.“ (Нисаргадата Махараџа )
“Зошто јас&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Текст маркер, мал -Stitch pastel
58 денOriginal price was: 58 ден.50 денCurrent price is: 50 ден. -
Пенкало пиши-бриши Stitch Blue
118 денOriginal price was: 118 ден.100 денCurrent price is: 100 ден. -
Пенкало силиконско, долго - Stitch
180 денOriginal price was: 180 ден.150 денCurrent price is: 150 ден. -
Пенкало пиши-бриши Stitch Black
118 ден100 ден -
Пенкало пиши-бриши Stitch
118 ден100 ден