Првата љубов има долгорочни последици и го одредува понатамошниот живот, но Пол не го знае овој факт на деветнаесетгодишна возраст. На оваа возраст тој е горд што неговата љубовна врска им се спротивставува на сите општествени граници и верувања.

По враќањето дома, мајка му му предлага да се зачлени во локалниот тениски клуб. Во натпреварот во мешани двојки, тој е спарен со Сузан Меклауд, добар играч на четириесет и осумгодишна возраст: самоуверена, иронична, омажена жена со две речиси возрасни ќерки. Исто така, таа е пријатен другар, па меѓу нив веднаш се раѓа врска. И наскоро, неизбежно, стануваат Љубовници. Фатени еден за друг, божем животот им зависи од тоа, купуваат куќа во Лондон за да избегаат од неговите родители и од насилниот господин Меклауд.

Ама, како старее, така љубовта му поставува барања што се многу поголеми отколку што некогаш можел да си замисли. Децении подоцна ќе размислува за тоа како се вљубиле, како ја спасил од ужасниот брак и како сите нешта, полека и неизбежно, се распаднале. И ќе сфати дека сеќавањето може потполно да не збуни, да не предаде и да не изненади (понекогаш ги прави сите три нешта истовремено).

Длабокоумна и нежна, Само една приказна е болно прекрасен роман напишан од еден од најголемите познавачи на човековото срце.