Жозеф Бедие (1864-1938), истакнат француски писател, е автор на модерната верзија на приказната за Тристан и Изолда, што ја создал како роман во 1900 година. Приказната за Тристан и Изолда е стара келтска сага за трагичната љубов на двајца млади. Иако настанала многу рано меѓу Келтите, оваа легенда станува позната дури во средниот век посебно во Франција и тоа во повеќе верзии. Тристан и Изолда е средновековна љубовна трагична приказна. Мотив е несреќната, односно невозможната љубов. Главни јунаци на оваа легенда се трагичниот витез Тристан од Британија и принцезата Изолда, ќерка на Ирскиот крал. Задачата на Тристан била да ја придружува Изолда на патот до неговиот чичко за кого таа била ветена, но по грешка при патувањето двајцата земаат љубовен напиток кој имал чудесна моќ – оние кои ќе го испијат да ги спои засекогаш во љубовта и смртта. Поради својата љубов кон Изолда, Тристан го прекршува заветот за верност кон својот чичко, а врската меѓу нив станува судбинска. Тристан умира од болка, а Изолда наоѓајќи го мртов паѓа до него. Од нивните гробови израснале две стебла, чии гранки меѓусебно се испреплеле неразделно.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Прирачник за матура по македонски јазик и литература
700 ден
-
П.С. Те сакам
500 ден400 ден -
Девојчето во снегот
500 ден400 ден -
Аномалија
520 ден416 ден -
Љубовен експеримент во Њујорк
590 ден472 ден
