Доналд Бисет е роден на 30 август 1910 година во Лондон. работел како артист на радио, телевизија и во театар. Покрај актерството Бисет е плоден автор, а негови најпознати дела се: „Разговори со еден тигар“, „Јак и морската школка“, „Јак и закопаното богатство“, „Јак и сладоледот“, „Загубениот роденден“, „Приказни за некое време“ и др. Многу често самостојно ги илустрирал своите романи и збирки кратки раскази. Неговите книги се преведени на повеќе од 16 светски јазици.Бисет е редок автор, кој не само што пишува за деца, туку приказните ги пишува „детето во него“. Тие се одликуваат со едноставност, лукавост, мудрост и хумор. Напишани се со неговиот приемчив стил, секојдневни карактери на лица од нашата непосредна околина и динамични дијалози, сè тоа ја прави неговата литература уште поинтересна. Неговите раскази се полни со оптимизам затоа што сите надежи и желби се остваруваат, а невиноста избива во прв план како суштински квалитет. Токму таа чиста невиност, блескава и несвесна, е општоприфатена од детската фантазија и остава извонреден ефект и кај возрасните.
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден200 ден -
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден288 ден -
Не знам кај ми е главата
390 ден312 ден -
Кривата Дијана
330 ден264 ден -
Што (не) е љубов
650 ден520 ден
