Книгата “Разумни сили” содржи куси написи и лични доживувања или размислувања на темите: љубов, мудрост, доблест,вистина и правда, наречени “Разумни сили кај човекот “. Притоа, на поимите не им пристапува од теолошки, религиозен, социолошки или филозофски аспект, туку од литературна, прозно-поетска гледна точка, со што тие добиваат една поинаква, динамичка компонента, подеднакво стануваќи привлечни и за љубителите на белетристиката, како и за љубителите на филозофската литература.