Шпанија е во војна. Барселона не е веќе безбедно место за живеење, посебно не за едно семејство.
Додека часовничарот Максимилијан бил на службено патување ја здогледал прекрасната вила на морето која изгледала како замок од бајките и веднаш решил дека токму таа е куќата во која ќе живее со своето семејство, кое го чекало во Барселона.
Максимилијан се преселува со своето семејство: малиот Макс, Алисија постарата ќерка, најмалата ќерка Ирена и неговата сопруга далеку од виорот на војната, токму во вилата на море. Кога Макс ќе го здогледа морето таа сина, бескрајна сјајност тој просто е маѓепсан од него.
Но тука во таа маѓична заслепеност и сина убавина сепак се крие нешто мрачно и тајно… градина со статуи кои како да се живи лешеви, орман полн со гласови… приказни за претходните газди на куќата…
“Заветот на кралицата&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Некој друг
315 ден
-
Излез од криза
475 ден
-
Астролошки записи
630 ден
-
Моќта на умот, моќта на срцето
525 ден
-
Љубовни патокази
475 ден
