„Приказни и залагалки“ е забавно и богато илустрирано издание што ги обединува шесте најпознати класични детски приказни – „Мачорот во чизми“, „Пинокио“, „Снежана“, „Трите прасиња“, „Пепелашка“ и „Црвенкапа“. Преку современи, впечатливи и колоритни илустрации, овие вечни приказни оживуваат на нов, привлечен начин за најмладите читатели. Книгата дополнително нуди и креативни залагалки – кратки и поучни стихови и игриви предизвици за животни, фармата и „кружни танци“, создавајќи идеална комбинација од учење, игра и волшебно раскажување.