Што ако целиот твој свет е лага? Што ако едно единствено откритие – или еден единствен избор – промени се? Што ако љубовта и лојалноста те натераат да направиш работи што никогаш не си ги очекувал? Општеството на фракции во кое некогаш веруваше Трис Прајор сега е уништено – раскинато од насилство и борби за моќ и рането од загуба и предавства. Па затоа, кога ќе и се укаже шанса да го истражи светот надвор од границите што ги знае, Трис е подготвена. Можеби зад оградата, таа и Тобијас ќе најдат еден едноставен заеднички жживот, ослободен од комплицирани лаги, заплеткани лојалности и болни сеќавања. Но новата реалност на Трис е уште позагрижувачка од онаа што ја остави зад себе. Старите откритија брзо стануваат безначајни. Експлозивните нови вистини ги менуваат срцата на оние што таа ги сака. И Трис повторно мора да се бори за да ја разбере сложеноста на човечката природа – и самата себе – истовремено соочувајќи се со невозможните избори за храброста, преданоста, жртвата и љубовта.
“Вистински предавства&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Искинатиот вел
250 ден
-
Фенг Шуи во вашиот живот
360 ден
-
Не знам кај ми е главата
390 ден
-
Кривата Дијана
330 ден
-
Што (не) е љубов
650 ден
