Дали можеш да сакаш туѓа жена ако веќе ја сакаш сопствената?
Дали можеш да најдеш сродна душа ако веќе му припаѓаш на друг маж?
Дали љубовта на прв поглед може да биде посилна од заветите и должностите?

Се надевам дека си среќен, ако не си, побарај го својот извор што ќе те усреќи.
Се надевам дека си здрав, ако не си, побарај го својот лек.
Се надевам дека понекогаш ќе се сетиш на мене, ако не, сети се барем денес.
И знај, живееш во мене.