Книгата за деца „Пипи Долгиот Чорап“ е дело на шведската авторка Астрид Линдгрен (1907-2002). Со пишување започнала да се занимава сосема случајно, кога нејзината малечка ќерка Карин, додека лежела болна, ѝ побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи Долгиот Чорап, девојче чие име во тој момент го измислила ќерка ѝ.„Бидејќи името ми беше необично, и Пипи во моите приказни стана необично девојче, поинакво од сите други што ги познавам“, вели авторката, додавајќи и дека „ќерка ми и другите деца што ги слушаа моите приказни ја засакаа Пипи и ме поттикнуваа сè повеќе да им раскажувам, така еден ден седнав да ги запишувам приказните…“Книгата “Пипи Долгиот Чорап“ е преведена на многу светски јазици. Првата книга на Астрид Линдгрен е со наслов „Брит-Мари се наоѓа себеси“, а нејзино најпопуларно дело по „Пипи Долгиот Чорап“ е „Карлсон лета“. Астрид Линдгрен е автор и на книгата „Роња, ќерка на разбојникот“, како и на педесетина други книги за деца. Добитничка е на многу награди за книжевност, меѓу кои и Наградата на Ханс Кристијан Андерсен во 1958 година, која е најпрестижната награда за книжевност за деца и млади.
“Демнач во ноќта&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
“Серотонин&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
“Кога животот ќе ти подметне нилски коњ&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Папка со ластик - Stitch Disney 120 ден
-
Молив - Colorino Stitch 60 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch Pastel 1.800 ден
-
ETUI CoolPack Jumper Stitch 1.800 ден
-
Дрвени боици - Stitch Colorino Disney 160 ден