Карло Колоди (1826-1890) е италијански писател, чие вистинско презиме е Лоренцини. Колоди е, всушност, родното место на неговата мајка. Определбата да пишува за деца ја објаснил со ставот дека „возрасните тешко се задоволуваат“. Прво негово дело е расказот „Џанетино“, а светска слава стекнува со „Пинокио“, што почнал да го објавува во продолженија во 1881 година. Две години подоцна „Пинокио“ се појавува во форма на книга. „Пинокио“ е прекрасна книга, со многу хумана идеја, бројни пресврти и изненадувања и истовремено мешање на фантастиката и реалноста. Колоди е мајстор на постапното, јасно и концизно раскажување. Неговата приказна лесно и брзо се чита, но потоа долго се памети.
“Волшебникот од Оз&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ
-
Ремен машки Elliot – црн
2.250 ден
-
Ремен машки Aayden – кафеав
2.250 ден
-
Паричник женски Halle – коњак
4.400 ден
-
Некој друг
315 ден
-
Излез од криза
475 ден
